Ocenite tekst
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела имаше намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто. Бензините поевтинија за половина денар за литар, а цената на дизелот остана иста.
Малопродажна цена на „евросупер БС-95“ изнесува 59 денари за литар, а „евросупер БС-98“ се продава за 61 денар за литар. Малопродажните цени на „евродизел“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) останаа 50,5 денари за литар.